НБРМ: Каматните стапки наскоро нема да паднат

Bez autora
Jul 29 2026

Народната банка одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4,25 проценти, по редовната седница на Извршниот одбор одржана на 28 јули.

Одлуката следува по јунското зголемување на каматата и се темели на најновите економски показатели и проценките за ризиците во домашното и меѓународното окружување.

Од Народната банка посочуваат дека девизниот пазар останува стабилен, а девизните резерви се на сигурно ниво и се доволни за одржување на стабилноста на курсот на денарот.

Годишната инфлација во јуни забавила на 3,4 проценти, што е пониско од очекувањата. Сепак, централната банка оценува дека е потребно повеќе време за да се потврди дека овој тренд е одржлив, особено поради високата неизвесност поврзана со геополитичките случувања, конфликтите на Блискиот Исток и во Украина и нивното влијание врз цените на енергенсите и синџирите на снабдување.

Во соопштението се наведува дека домашната економија и натаму покажува отпорност. Во првиот квартал од годинава бруто-домашниот производ пораснал за 3,1 процент, а достапните показатели упатуваат на можност за дополнително забрзување на економската активност во вториот квартал.

Народната банка истакнува дека ќе продолжи внимателно да ги следи економските и финансиските движења во земјата и во странство и, доколку биде потребно, ќе ги искористи сите расположливи инструменти за зачувување на ценовната и финансиската стабилност.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik